ГРК Охрид се “прошета“ низ Кавадарци

0
ФОТО:.facebook.com/hcohrid

Вечерва во Кавадарци, во меч од 11.коло во ракометната Суперлга, ракометарите на ГРК Охрид и тоа како убедливо славеа против домашниот состав на Тиквеш со 25:39. Уште во првата фаза од мечот гостите покажаа кој е кој, за да на пауза се замина со 11:17.

Иако во продолжение на средбата тренерот комбинираше со составот, сепак евидентна беше разликата во квалитет во корист на гостите, па така на кракјот победата беше изразена со +14 голови разлика. Кавадарчани немаа никаква шанса да му се спротистават на големиот фаворит.

Мате и Стрмљан запишаа по седум голови кај победничкиот состав, додека кај домашните Гавидија исто со седум погодоци беше најефикасен.

Сега ГРК Охрид има 19 бодови, еден помалку од лидерот Вардар и два повеќе од третопласираниот Пелистер, но има и еден одигран меч повеќе.

ПретходноДодека го поврзуваат со селекторската функција во САД, Пеп си гледа Евролига во Дубаи! (ФОТО)