Ракометарите на Вардар ја продолжија победничката серија

3
Фото: РК Вардар

Шампионот Вардар 1961 славеше на гостувањето против Мулти Есенс со 38:33 во натпревар во кој фаворитот ја презеде контролата уште од почетокот и на полувреме имаше предност од 19:17.

Црвено-црните одлично го отворија дуелот и поведоа со 4:1, а во продолжението ја одржуваа предноста. Мулти Есенс се обидуваше да фати резултатски приклучок, но Вардар на паузата замина со два гола предност.

Во вториот дел разликата во квалитет дојде до израз. Вардар во еден момент имаше и двоцифрена предност, а и покрај подобрата завршница на Мулти Есенс, не дозволи изненадување.

Матeо Фадуил беше најефикасен со 11 гола од 13 обиди, а Бобан Поповски постигна девет. Кај Мулти Есенс, Горазд Дамчевски постигна пет гола.

ПретходноИма „дил“: Реал го обезбеди и новиот потпис на Валверде