Тиквеш слави, Арената празна жали

37

Дочека актуелниот бранител на титулата, тимот на Вардар, да биде понижен ама апсолутно по сите основи во сопствениот дом, денеска од страна на ГФК Тиквеш, неговите навивачи, целата експедиција од Кавадарци….

Заслужени, „бетонирани“ 0:3… во меч во кој што постоеше само еден ривал. Кавадарчани сосема заслужено слават. А оваа фотографија нека им остане за спомен, за една од најголемите, ако не и најголеми победи врз најдобриот македонски фудбалски колектив во историјата на клубот.

Нека за запрашаат во него што се случува. Каде „плови овој брод“… како и зошто дојде до ова да Вардар изгледа вака како што изгледа. Очајна изведба, очајно однесување на терен, очајна амтосфера.
И да не заборавиме, празни трибини, празен „црвено – црн“ запад…

Жално за Вардар, честитки за Тиквеш…..

 

 

ПретходноЛидерите во ВФМЛ си ја завршија задачата