Џејмс Харден одигра еден од најдобрите натпревари во досегашниот дел од сезоната и со неверојатни 51 поен ги предводеше Кливленд Кавалирс до победа над Индијана Пејсерс со 128-119, во натпревар од НБА Купот.
Искусниот бек така стигна до својот 26. натпревар во НБА кариерата на кој постигнал најмалку 50 поени, со што го надмина легендарниот Коби Брајант и се осамостои на третото место на вечната листа на најдобри стрелци според овој критериум.
Пред Харден сега се само Вилт Чемберлен и Мајкл Џордан.
Ова воедно беше негов прв натпревар со 50 или повеќе поени уште од 22 ноември 2025 година, кога во дресот на Лос Анџелес Клиперс постигна 55 поени против Шарлот Хорнетс.
Харден против Индијана шутираше 15/26 од поле, погоди седум тројки од 11 обиди и беше непогрешлив од линијата за слободни фрлања (14/14). Покрај 51 поен, забележа и шест скока и шест асистенции.
За Кливленд ова беше неговиот најдобар поентерски учинок откако во февруари пристигна во екипата, а воедно стана шестиот кошаркар во историјата на франшизата кој успеал да постигне 50 поени на еден натпревар.
JAMES HARDEN. 51 POINTS.
IT’S HIS MOST POINTS AS A CAVALIER 🤯
CAVS MOVE TO 2-1 IN EMIRATES NBA CUP GROUP PLAY! https://t.co/twWJ4G70Nk
— NBA (@NBA) November 21, 2026










