Ненад Димитријевиќ и неговиот Арис не успеаја да ја продолжат бајката во грчкиот шампионат и да стигнат до нова победа по одличните партии против Панатинаикос и Олимпијакос.
Нивната серија заврши на гостувањето кај ПАОК. Во солунското дерби беа поразени со 99-77. Ова беше само вториот пораз за Арис во домашниот шампионат. Врвот во грчката лига и натаму му припаѓа токму на ПАОК кој има осум победи во исто толку одиграни натптевари.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ постигна шест поени, имаше еден скок и една асистенција.
После оваа средба се очекува Нено да пристигне во Скопје и веќе од понеделник да му се приклучи на националниот тим.










