Репрезентативната пауза која што туку што заврши за екипите на Вардар и Тиквеш имаше дијаметрално спротивен ефект.
Актуелниот бранител на титулата Вардар како да сеуште не е разбуден од истата па денеска на Арената против Тиквеш речиси и да не излезе на терен.
Наместо тоа, Тиквеш подготвен како да влегува во групна фаза Лига на Шампиони, па аналогно на тоа му одржа лекција на фаворитот, на шампионот, на најдобриот (!?)
Конечни 0:3 во меч во кој што Тиквеш ама апсолутно ги заслужи сите пофалби. Во меч во кој што апсоутно уште еднаш покажа дека сезонава е ТОП екипа. Погодени домашни играчи, погодени странци, погоден тренер. И полна противничка мрежа.

„Бразилско“ двојно водство
Уште од самиот старт на мечот, се виде „колку е саатот“. Вардар нерешителен, безидеен, а Тиквеш чекаше контри. И ги дочека на два пати. Прекрасни голови на Ренатињи и Лусианињо за 0:2. Во 16. односно 41. минута, шок од кој што Вардар не се опорави.
Николовски за тотален нокаут
Ако ова не беше доволно, следуваше дополнителен нокаут во вториот дел. Шансата на Омерагиќ остана неискористена, измените не донесоа промени. Наспроти тоа, контра панадот на Николовски донесе удар до дирек и гостински 0:3.
















