Червар: Ги издржавме сите критики после Алкалоид! Само еден тим, само еден град, тоа е нашиот начин!

0

Избраниците на Лино Червар одиграа два сосема различни натпревари во краток временски период. На гостувањето кај Алкалоид беа бледа сенка на својот тим, но само неколку дена по тој пораз, во Европската лига, пред своите навивачи – кои знаат да бидат и најголемите критичари – се покажаа во најдобро светло.

Со победата над Гдањск од 34-27, битолчани останаа во игра за пласман во главната рунда, а стратегот Лино Червар во свој стил го искоментира триумфот и случувањата на теренот.

„Денес беше потежок момент за нас по поразот од Алкалоид, но знаевме дека само со тимски дух, тоа е грижа еден за друг, можеме подобро. Така беше сега, ги издржавме сите критики кои по мене беа неоправдани, но мора да се бориме и тоа го покажавме. Голема благодарност за публиката и нашата цела екипа. Нема да издвојувам поединци, тука победи тимот. Големиот тим Пелистер. Само еден тим, само еден град, тоа е нашиот начин. Публиката препозна дека наместо да нè дочека со свирежи, ни даде аплауз. Ја користам приликата да ги повикам да дојдат во сабота кога играме со ГРК Охрид, да ни дадат уште поголема поддршка. Секој еден човек во публиката, не прави поголеми фаворити.

ПретходноЕвролига: Виртус ја уништи Црвена Звезда во Белград