РФМ го закажа изборот „Ракометари на годината 2026“ во декември

0

Ракометната федерација на Македонија ја најави традиционалната гала-вечер „Ракометари на годината 2026“, на која ќе им бидат доделени признанија на најдобрите поединци во македонскиот ракомет за оваа година.

Свеченоста ќе се одржи на 10 декември, четврток, со почеток во 19:30 часот, во спортската сала „Расадник“ во Скопје. На настанот се очекува присуство на истакнати ракометни имиња, спортски работници и гости од јавниот живот.

Вечерта ќе биде посветена на ракометарите и ракометарките кои со своите настапи, резултати и посветеност оставија белег во текот на 2026 година, а федерацијата уште еднаш ќе им оддаде признание на најуспешните во македонскиот ракомет.

ПретходноЧервар: Ги издржавме сите критики после Алкалоид! Само еден тим, само еден град, тоа е нашиот начин!