Станковиќ го превзема египетскиот Ал Ахли

0
ФОТО:.facebook.com/crvenazvezdafk

Дејан Станковиќ, прославениот српски фудбалер, а сега стратег, е без работа откако го напушти кормилото на Црвена Звезда летово.

За него кобен беше неуспехот во Европа, па сега Станковиќ е во потрага по нов ангажман. Според последните информации кои што доаѓаат од Србија, а се преземени од Египет, тој е многу блиску до преземање на клупата на легендарниот египетски првак Ал Ахли.
Ова е клуб кој што 45 пати бил шампион на оваа земја, и во Африка е сериозен фудбалски авторитет.

Тоа значи дека Станковиќ е сериозно ценет штом е во најтесен круг за преземање на клупата на тимот. Ал Ахли е без тренер откако Хусеун Амут е отпуштен во пред два дена по последниот пораз во домашниот шампионат.

 

ПретходноЛШ – 5.коло: Европскиот шампион без Дуе и Квича на мегдан со Рома, Покетино и Јунајтед на гости во Лисабон