Македонската кошаркарска репрезентација денеска во комплетен состав ќе ги доработи мини-подготовките за натпреварот против Кипар, кој се игра утре во салата „Лазар Лечиќ“.
Последен во стројот треба да се приклучи Мозес Рајт кој вчера одигра одличен меч во дресот на Олимпија Милано. Во победата на својот тим над Лион на гостински терен од 91-95 постигна 29 поени и 8 скока.
Македонија втората фаза од претквалификациите за ЕП 2029 година ја отвори со победа против Австрија на гостински терен, со оглед дека и овој пат ќе имаме двајцата лидери, Димитријевиќ и Рајт, кои со помош на останатите кошаркари треба да придонесат за нова победа,
Судиите на овој натпревар ќе бидат Французинот Валентин Олио и Грузијците Кирил Тваури и Микел Вартанов, додека комесар на натпреварот ќе биде Наташа Ковачевиќ од Србија. Натпреварот стартува во 18 часот.










