Лук Бечвиновски вчера за репрезентацијата на Австралија до 17 години беше стрелец во ремито 2:2 против соодветната селекција на Мозамбик и на тој начин обезбеди пласман во елиминационата фаза од Мундијалот за оваа возраст кој што се одржува во Доха.
Потенцијалниот македонски репрезентативец реализираше во првото полувреме за намалување на водството на противникот од 0:2, и тоа на асистенција на Бесијан Кутлеши уште едно момче кое што потекнува од овие наши простори.
Како што веќе неколкупати напишавме, Македонија е во постојан контакт со Бечвиновски за тој да ги промени националните бои и да настапува за нас, и ќе мора да инсистираме на такво нешто затоа што очигледно се работи за талент кој што е еден од најголемите во својата генерација.
http://youtube.com/watch?si=yl1z5IZ6SgbJ18Ot&v=m329TQAKbyI&feature=youtu.be










