Момент за историја: Докузовски му врачи врамен дрес на Војдан за големиот јубилеј (ФОТО+ВИДЕО)

21

Пред почетокот на натпреварот меѓу Македонија и Кипар, во рамките на втората претквалификациска фаза за Европското првенство 2029 година, КФСМ му оддаде признание на Војдан Стојановски, кој го запиша својот 100. настап во националниот дрес.

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација доби врамен дрес, кој му го врачи најуспешниот македонски селектор, Марин Докузовски. Војдан беше дел од генерацијата која го оствари историскиот успех и го освои четвртото место на Европското првенство во 2011 година во Литванија.

Војдан е вистински пример за професионалец, кошаркар кој и во тешките и во добрите моменти секогаш е тука за Македонија.

ПретходноГром удри во авионот на Бешикташ