Некогашниот капитен на У21 по повод „калта“ на Чаир: Овде не спасува ниту Гоце Делчев, а не Гоце Седлоски

1

Двата денешни стартни дуели од новото 15. коло од ПМФЛ шампионатот, донесоа ужасни услови за игра, во Чаир односно Куманово. Таа наша стара болка, терените, и нивната состојба на крајот на есенскиот дел од сезоната е децениски проблем не е „од вчера“.

Она што денес го видовме сите на дуелот Шкендија Арачиново – Брегалница е за категоријата верувале или не.

Ние веруваме, затоа што кај нас тоа е константа, реалност, „традиција“. Кај нас добар терен е реткост, на кал и „нива“ сме навикнати.

Во редот на коментарите по повод оваа ситуација се јави некогашниот македонски У21 капитен, и во моментов тренер на женската екипа на Каменица Саса, Зоран Златковски, кој што живописно ја искоментира ситуацијата.

„Во светот се зборува за тактички задачи, надигрување и квалитет. Ние уште не знаеме како би се играло на терен со трева, Прва лига!?
Не Гоце Седлоски, туку Гоце Дечлев да дојде таа е таа“  – напиша Златковски алудирајќи на можноста нешто да се промени кај нас… што е рамно очигледно на „НУЛА“.

ПретходноКочоски и ГФК Охрид на „нож“…. обвинувања за неисплатени плати, непрофесионализам и прекин на соработка