„Жив“ е тимот на Скопје. Очигледно дека клубот од Автокоманда некој прерано го отпиша од овогодинешната ПМФЛ конкуренција и битката за опстанок во неа.
Денеска „Пиратите“ ја забележаа втората победа сезонава, и тоа меѓудругото едноподруго, и со десет бода сега за прв пат не се последни по долго долго време.
Скопје сега е пред Арсими кој што има ист број на бодови, и само четири помалку токму од тимот на Башкими.
Денешниот триумф од 1:2, е по заслуга најмногу на искусниот Виктор Ангелов кој што ги постигна двата гола.
А победничкото селфи од Куманово е награда за пожртвуваноста, на терен каде што апсолутно никој не дошол лесно до бодовите.















