Денеска требаше да биде фудбалски празник. Требаше да биде спектакл во Кратово, Госривар а посебно во Кавадраци. Но, уште еднаш се потврди дека сме убедливо најголема БЕДОТИЈА во Европа. Кал, “базени“, ужасни услови за игра на средбите Силекс – Струга ТЛ, Арсими – Вардар и Тиквеш – Шкендија.
Веќе не е важно кој победува.
Зарем навистина сме толку утепани за да не можеме барем терени да направиме кои ќе издржат и во ноември?
После сакаме фудбал! Оној квалитетен! Е, па нема!
Плаче Македонија, плаче ФУДБАЛСКА МАКЕДОНИЈА…
И дефинитивно го допревме дното.
Зарем на некого не му е срам?















