Ракометарките со победа и против Италија!

1
Фото: РФМ

Женската сениорска репрезентација на Македонија забележа втора победа на меѓународниот пријателски турнир во Анкара, совладувајќи ја селекцијата на Италија со резултат 28:27.

Најдобри стрелци во македонската репрезентација беа Јована Кипријановска и Сара Ристовска со по шест погодоци, а по четири пати погодија Емилијана Ризоска и Катерина Дамјаноска.

Утре во третото коло од меѓународниот пријателски турнир, македонските ракометарки ќе се борат за првото место против домаќинот Турција.

Овие натпревари се дел од подготовките за настапот на Македонија на Европското првенство 2026 каде избраничките на Игор Марковиќ ќе играат против Швајцарија, Романија и Норвешка.

ПретходноКаква БЕДОТИЈА сме: Еве по какви терени денеска се играше прволигашки фудбал!