Македонската женска ракометна репрезентација денеска го игра последниот натпревар на меѓународниот турнир во Анкара. По двете победи против Финска и Италија, нашите ракометарки ќе ги одмерат силите со домаќинот Турција во дуелот за првото место.
Добрите игри на „црвено-жолтите“ особено радуваат ако се знае дека за кратко време ги очекуваат вистинските предизвици – настапот на Европското првенство. Таму Македонија ќе ги одмери силите со Швајцарија, Норвешка и Романија.
Натпреварот против Турција е закажан со почеток во 16:45 часот. Евентуалната победа и освојувањето на првото место ќе бидат дополнителен мотив за нашите ракометарки пред настапот на континенталниот собир.










