Еден играч поради повреда отпадна, Лазаров со 20 ракометари во Маврово!

396

Македонската ракометна репрезентација денеска и официјално ќе стартува со подготовките за настап на Светското првенство кое од 11.01 до 29.01 ќе се одржи во Шведска и Полска.

По собирот во хотелот „Алксандар Палас“, Кирил Лазаров и неговите избраници веднаш ќе заминат за Маврово каде ќе ја одработат првата фаза од подготовките за настап на деветтиот Мундијал во историјата на оваа репрезентација, шести во серија.

Лазаров од првиот ден на располагање ќе ги нема Филип Кузмановски, чии обврски со Хановер во Бундес-лигата завршуваат на 28 декември, додека пак еден ден ќе доцни и Никола Митревски. Поради повреда нема да патува ниту Едвин Омерагиќ.

Македонија е во група со Норвешка (13. јануари), Холандија (15. јануари) и Аргентина, последниот противник од оваа фаза, мечот се игра на 17. јануари.

Во Маврово, нашата репрезентација треба да одигра два пријателски меча против Црна Гора. Ова нема да биде единствениот тест, „црвено-жолтите“ ќе учествуваат на „Кроација Купот“.

ПретходноИнфантино има нов план: Светско првенство на секои три години!
СледноНовинар тврди: Гризман и Лорис беа среќни што Бензема се повреди и не играше во Катар!?