Филип Талески веќе долго време созреваше во националниот дрес заедно со Филип Кузмановски. Децата со голем потенцијал кои милувавме да ги нарекуваме пораснаа. И двајцата се доволно свесни дека сега тие заедно со уште неколку искусни имиња во репрезентацијата мораат целосно да превземат товар на својот грб и да ја носат низ предизвиците новата генерација која допрва ќе треба да созрева, да докаже дека местото го заслужува.
Низ квалификациите за ЕП 2024 година на дело покажаа дека веќе прераснаа во лидери, ја прифатија оваа улога и засега одлично се носат со истата.
„Конечно дојде таа промена на составот со повозрасните да не настапуваме на големо натпреварување. Имавме голема помош од нив на бараж натпреварите. Цело искуство ни го пренесоа и ни рекоа дека ние сме тие што треба да одлучуваме. На големите натпреварување се е поразлично. Турнирски систем секој втор ден натпревар, затоа и се собираме порано. Овие десет дена ќе ги искористиме за базични подготовки, па последните десет дена да видиме што ќе ни недостасува со контролите во Хрватска“, изјави Талески на денешниот собир.
Групата е тешка, Македонија ќе се соочи со противници како Норвешка, Холандија и Аргентина. Посакува и очекува да се покажат во најдобро светло.
„Уште кога беше ждрепката имав некое чувство дека ќе имаме тешка група. Во сите други групи има некои послаби репрезентации, а ние како најслаба ја имаме Аргентина, која минатото светско покажа дека знае да игра ракомет. Одиме чекор по чекор, мораме да ги анализираме и се надевам дека селекторот ќе не подготви за да се покажеме најдобро. Свесни сме и сфативме дека дојде време за нас и нема веќе оправдување дека сме млади и неискусни. Мораме да преземеме на терен и во квалификациите покажавме дека можеме. Тоа треба да биде почеток и се надевам дека ќе продолжиме со континуитетот и ќе направиме добар резултат на СП. Нормално дека ни пречи на нас од Вардар што немавме силни мечеви. Одлично е што ќе имаме силни подготвителни мечеви со силни репрезентации како Црна Гора и Хрватска за да можеме да видиме до каде сме и ќе биде одлично за нас што немавме квалитетни натпревари во овој дел од сезоната“.
Нашите ракометари веднаш заминаа за Маврово каде покрај подготовките ќе одиграат два пријателски мечеви против Црна Гора. Лазаров нема да смета на Омерагиќ кој поради повреда отпадна од списокот. Најдоцна на составот ќе се приклучи Филип Кузмановски, кој нема да земе одмор, туку веднаш ќе му се стави на располагање на селекторот, додека пак за два дена во Маврово ќе пристигне Никола Митревски.