Легендата на Брегалница, еден од најдобрите фудбалери во историјата клубот и градот Штип, Горан Здравков е новиот шеф на струката на “сините“. Горан Здравков Чалам е тој што во наредниот период ќе го предводи тимот на Брегалница.
Конечно, потег на место, во вистинско време од страна на раководството на Брегалница. Ова доаѓа откако клубот го избрка фалсификаторот од директор и осудениот измамник. Човекот кој беше пречка Брегалница да се стреми кон високи цели.
Се разбира дека Здравков ја има поддршката од цел фудбалски Штип, се верува дека тој ќе ги среди работите во клубот и пред се во тимот, а и дека со своето знаење, тренерски талент и секако фудбалско искуство е идеалното решение за шеф на стручниот штаб на Брегалница.
Да кажеме дека Здравков досега беше тренер на Детонит Плачковица, тимот со кој имаше фантастични резултати изминатата полусезона.