Евролига: Звезда направи чудо во Атина – губеше со 12 разлика и на крајот победи

197

Олимпијакос имаше предност од 12 поени во дуелот со Црвена Звезда на домашен терен и на крајот доживеа пораз. Шампионот на Србија и на АБА лигата со пресврт стигна до 90:86 во драматична завршница.

Во втората четвртина Звезда имаше негатива од 12 разлика, а до полувреме успеа да намали на 41:45. Во третата четвртина „црвено-белите“ одиграа одлично и имаа предност од 65:62, за во финишот српскиот првак да отиде и на двоцифрена предност. Сепак, домашните се стабилизираа и се приближија навестувајќи неизвесна завршница. Домашните имаа и шанса за продолжение затоа што на 15 секунди пред крајот губеа со 86:84.

Го промашија тој шут, во следната акција Вилдоса погоди две слободни фрлања за конечни 88:84.

Кај Звезда аргентинскиот интернационалец Вилдоза беше најефикасен со 21 поен, по него е Петрушев со 14. Кај Олимпијакос најмногу поени, 14 реализираше Блек.

Во другите мечеви Партизан го победи лидерот Фенербахче во Истанбул со 73:72, Макаби Тел Авив славеше со 83:70 на гостувањето ка Алба Берлин.

Басконија го победи Виртус со 90:79.

 

ПретходноМилан има напаѓачки гениј, дал 485 гола на 89 натпревари
СледноВегхорст за инцидентот со Меси: Барем ми го научи името