Пелистер со два порази се враќа од Златибор!

70

Пелистер до два порази го заврши „балонот“ во Златибор. Избраниците на Марјан Илиевски вечерва беа поразени од Хелиос со 88-70 во рамките на седмото коло во АБА2-лига. Оваа година македонскиот тим го завршува со скор од четири победи и три порази, и делба на шестото место на табелата.

Освен почетокот, кога битолскиот состав поведе со 0-5, во продолжение на мечот доминираше противникот. Кошаркарите на Хелиос фатија ритам, првата четвртина ја завршија со предност од четири поени (27-23), а на крајот на вториот период поведоа со двоцифрени 49-39.

На се промени ношто ни после одморот, битолчани имаа негатива од 62-49. Илиевски не најде начин како да го врати својот тим во рамноправна битка, иако третата четвртина мина рамноправно, сепак на крајот поразот беше убедлив.

Карутерс со 20 и Хаџифезовиќ со 17 поени беа најефикасни во таборот на Пелистер.

ПретходноПотврден сертификатот на ФФМ за усогласеност и работа на лиценцната администрација
СледноЦСКА под водство на Рајковиќ испиша историја во ВТБ-лигата!