Македонската ракометна репрезентација веќе шест дена е во Маврово, каде надвор од јавноста се подготвува за настап на Светското првенство кое во јануари ќе се одржи во Полска и Шведска.
Прв тест за предводникот на нашиот најдобар нацонален тим Кирил Лазаров и неговите избраници ќе биде селекцијата на Црна Гора, дуелите се закажани за 27. и 28. овој месец. Во Маврово овој тим ќе допатува без селекторот, Зоран Рогановиќ, кој поради клупски обврски ќе се приклучи подоцна, додека тимот ќе го води Брано Божовиќ.
Според најавите од црногорската федерација во составот ќе ги нема Небојша Симиќ, Бранко Вујовиќ, Милош Вујовиќ, Радојица Чепиќ, Васко Шеваљевиќ, Марко Ласица, Немања Грбовиќ, Божо Ангелиќ и Василије Калуѓеровиќ.
Состав на Црна Гора:
Голмани: Никола Матовиќ, Јагош Брауновиќ, Василије Печурица, Василије Вујовиќ
Крила: Филип Вујовиќ, Александар Бакиќ, Мирко Радовиќ, Лука Радовиќ
Пикери: Вук Лазовиќ, Миодраг Ќорсовиќ, Лука Вујовиќ
Бекови: Ристо Вујачиќ, Лука Вукичевиќ, Божидар Симиќ, Стеван Вујовиќ, Милош Божовиќ, Александар Гленџа, Лука Барјактаровиќ
Македонија во периодот на подготовките ќе има тест средби против Хрватска и Изреал во рамките на Кроација Купот.
Прв противник на Мундијалот е Норвешка, дуелот се игра на 13. јануари, два дена подоцна е средбата против Холандија, додека последен противник во групната фаза која се игра во Краков е Аргентина, мечот е закажан за 17. јануари.