Шкупи стартува на осми, следува Охрид па Анталија

402

Тимот на Шкупи како впрочем и целокупниот ПМФЛ состав во моментов е на одмор, а тренерт Гоце Седлоски стартот на подготовките го закажан за осми јануари.

Тогаш Шкупи повторно ќе се собере, и ќе започне со работа. Распоредот е направен така, да тимот најпрво стартува во домашни услови, а потоа на 15 јануари заминува во Охрид.

Следува и пријателски дуел, со ривал кој допрва ќе треба да се прецизира, за да на 28. јануари се замине за Анталија.

Таму, нормално е зенитот на зимските подготовки, како и години наназад, а Шкупи не одстапува од оваа пракса.

Што се однесува до тимот, се знае дека на пролет ќе биде без Бесир Демири, а јавна тајна е дека зимава Шкупи ќе донесе квалитетен стопер.

 

ПретходноЕдна од најголемите ѕвезди во НБА-лига во празничен „аутфит“ (ВИДЕО)
СледноПоранешен соиграч му ги смени плановите на Зидан?