Моќен е овој Арсенал, за само 16 минути го “распарчи“ Вест Хем! (ВИДЕО)

248

Нема што, и дефинитивно треба да се каже дека овој Арсенал и тоа како е моќен. Имено вечерва во меч од 17. коло во Премиерлигата, во последниот дуел од “Боксинг деј“, момците на Микел Артета со 3:1 успеа да го победи составот на Вест Хем и да го добие “Дербито на Лондон“, и покрај проблемите со повредени играчи како Жезус на пример.

Уште во 4.минута Сака постигна гол, но од страна на ВАР бепше поништен. Во 27.минута Вест Хем со голот на Бенрахма дојде до водство од 0:1. Сепак според играта и шансите прашање на време беше кога “топчиите“ ќе го свртат резултатот.

А тоа се случи од 53. до 69.минута, имено за само 16 минути Арсенал им даде три гола на “чеканите“ за победа од 3:1.

Сака, Мартинели и Нкетиах беа стрелците за Арсенал.

Со оваа победа тимот од “Емирејтс“ и натаму љубоморно го чува врвот на табелата во Премиерлигата. Со 15 одиграни мечеви има 40 бода, втор е Њукасл со 33 бода (16 мечеви), а трет Манчестер Сити со 32 бода (14 мечеви).

Кога сме кај Арсенал да кажеме дека Сака има постигнато голови за својот тим на трите последни мечеви во “Боксинг деј“, во 2020, 2021 и 2022 година.

ПретходноВенгер по 4,5 години повторно на „Емирејтс“! (ВИДЕО)
СледноГотово е: Коди Гакпо е нов фудбалер на Ливерпул! (ФОТО)