Клиперси со неверојатен пресврт до победа во Детроит; Богдановиќ трагичар (ВИДЕО)

126

Во Детроит испушти голема шанса да дојде до победа на дуелот со ЛА Клиперс. Домаќинот имаше шанса овој меч да го реши во регуларниот дел, Зубчиќ промаши тројка, па дуелот отиде во продолжение, а таму гостите славеа со 142-131. Во дополнителните минути Пистонс постигнаа само три поени, додека примија 14. Со овие кошеви, и оние пред крајот на регуларниот дел, гостите направија серија од 27-4 и сосема заслужено се радуваа на триумфот.

Џорџ Пол со 32 поени беше прв стрелец кај победникот, Кенард имаше 18 поени. На другата страна Богдановиќ имаше 23 поен.

Бруклин го запишаа деветтиот триумф во низа, откако го совладаа Кливленд со 125-117 за најдолгата серија од победи од 2006 гдоина. Кевин Дурант и Кајри Ирвинг постигнаа по 32 поени, со тоа што првиот додаде девет скока и пет асистенции. На другата страна Гарланд имаше 46 поени.

Резултати:
Кливленд – Бруклин 117:125
Детроит – ЛА Клиперс 131:142 (про.)
Мајами – Минесота 113:110
Њу Орлеанс – Индијана 113:93
Чикаго – Хјустон 118:133
Сан Антонио – Јута 126:122
Портланд – Шарлот 124:113

ПретходноВојдан, најдобриот македонски кошаркар со силна верба: Верувам дека ќе останеме во АБА-друштвото!
СледноРајковиќ: Оваа година беше голем предизвик за мене, најтешкото доаѓа допрва!