Емил Рајковиќ, е најдобриот македонски тренер во странство. Втора година по ред, ја добива наградата и тоа сосема заслужено. Од оваа сезона го превзема тимот на ЦСКА Москва, а пред неколку дена го израмни рекордот во ВТБ-лигата, 18 победи во исто толку одиграни натпревари, веќе е на чекор да испише историја.
„Би сакал да им ги честитам претстојните Новогодишни и Божиќни празници на сите кои се дел од кошарката во Македонија, и да и се заблагодарам на Mакедонската кошаркарска федерација, за наградата најдобар тренерски репрезент на македонската кошарка во странство.
Оваа година беше голем предизвик за мене, лично, но и за стручниот штаб со кој што работам. Сите тие победи, успеси немаше да бидат возможни без соработката со моите со најблиските соработници, кои што ги знаете и самите, Сашо Тодоровски, кој што е многу години со мене и ми помага во работата. Исто така и Марко Величковиќ, добро познат за македонската јавност, затоа што работи со мене уште од времињата кога работев во Работнички. Најтешкото допрва доаѓа во наредната година. Се надевам дека ќе имаме уште можности, и причини за гледање, и би сакал да им посакам среќа, посебно на федерацијата во претстојните, во понатамошните борби за пласман на сениорскиот национален тим во квалификациите“, порача од Москва, Рајковиќ.