Голем пех за Тиквеш: Ѓурковски со потешка повреда, заврши сезоната за одличниот дефанзивец!

1378

Лоши вести за сите во Тиквеш, посебно за стратегот Ѓорѓи Мојсов. Имено за време на зимската пауза потешко се повредил Александар Ѓурковски, поточно ја скинал тетивата на ногата па така тој ќе мора на една долга, долга пауза. За него јасно е дека оваа 2021/22 сезона е завршена, односно за младиот дефанзивец пролетната полусезона заврши уште пред да започне.

Тој во Тиквше е веќе 1,5 години, во есенската полусезона беше еден од најдобрите во тимот и еден од најзаслужните за одличните резултати, 4.место, за тимот на прволигашот од Кавадарци.

Да кажеме и тоа дека Ѓурковски е член и на младата репрезентација на Македонија до 21.година.

ПретходноМакедонија тргна победнички во подготовките, оваа Црна Гора не е дорасната!
СледноЛазаров: Има уште многу работи да поправиме!