Очекувано, лесно, рутински за триумф на Челси против Борнмут вечерва во меч од 17.коло во Премиерлигата. Момците на стратегот Греам Потер на “Стемфорд Бриџ“ одиграа како што треба и во целост ја оправдаа улогата на фаворит славејќи со 2:0 против тимот на Борнмут.
Челси поведе со голот на Хаверц во 16.минута по асистенцијата на Стерлинг, додека во 24.минута Хаверц асистираше а Маунт постигна убав гол за 2:0.
Во продолжение од средбата “сините“ ги контролираа настаните на теренот, од друга страна Борнмут се закани најмногу во финишот кога гостите тргнаа на се или ништо. Имаа гостите и шанси, но сепак тоа не беше доволно барем да се ублажи поразот.