Челзи со сите сили по фудбалерот на Бенфика: „Сините“ плаќаат 130 милиони евра за Фернандез

204

Челзи по секоја цена сака да ја добие битката за едно од најпријатните изненадувања на светското првенство во Катар, аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандез. Според информација на релевантниот португалски весник “Рекорд“, лондончани сакаат да го купат Фернандез од Бенфика уште оваа зима, иако се подготвени да го добијат фудбалерот дури на лето.

„Рекорд“ пишува дека „сините“ понудиле сума од околу 130 милиони евра за 21-годишниот играч од средниот ред. Претседателот на Бенфика, Руи Коста, деновиве по неговото враќање од Катар имал средба со фудбалерот на која го убедлувал да остане во тимот. Бенфика не сака да го загуби Фернандез во текот на актуелната сезона и затоа и Руи Коста верува дека тој ќе остане барем до јуни.

Оваа сезона Аргентинецот забележа 24 настапи за Бенфика во сите натпреварувања, постигнувајќи 3 гола и 4 асистенции.

ПретходноМеч кој ретко се гледа: Дончиќ со 60 поени за историја! (ВИДЕО)
СледноИндија ќе се кандидира за домаќин на ЛОИ во 2036 година