Етеми стрелец на убав гол во победата на Истанбулспор! (ВИДЕО)

213

Македонскиот репрезентативец Валон Етеми и натаму продолжува да игра во одлична форма во елитната лига на Турција. Офанзивецот денеска за својот Истанбулспор против Касимпаша, во меч од 16.коло, постигна убав гол и директно учествуваше во победата на Истанбулспор од 2:1. Ова за него беше петтиот гол сезонава во турскиот шампионат. Инаку Етеми погоди во

29.минута за 1:1, а во 78.минута Гултекин ја донесе победата.

Да споменеме дека Валон Етеми беше стартер и играше се до 90+10.минута кога беше заменет.

ПретходноГеоргиевски: Доминацијата на домашни играчи може да биде и предност! Јавноста мора да има трпение!
СледноЅвездата на Реал Мадрид со оригинален коментар за неверојатната партија на Лука Дончиќ