Како што најави СПОРТМЕДИА, Методи Максимов и официјално е нов играч на Шкендија. Сега веќе екс-фудбалерот на Работнички и еден од нашите најдобра млади играчи и младински репрезентативец на Македонија потпишаа четиригодишна соработка.
„Се чувствувам многу среќен и задоволен. За мене е чест и задоволство да играм за Шкендија и ќе го дадам најдоброто од себе за овој клуб“, изјави на промоцијата Максимов.