Шифрин победи на ноќниот слалом во Семеринг и дојде на две победи од рекордот на Вон

91

Американката Микаела Шифрин, која во претходните два дена победи на две трки во велеслалом, денеска победи и на ноќната трка во слалом во австриски Семеринг.

За 27-годишната Американка тоа беше 80-та победа во кариерата во Светскиот куп севкупно, како и 50-та во слалом. Шифрин сè уште е во потера по рекордот на нејзината постара сонародничка Линдзи Вон, која во текот на кариерата постигна рекордни 82 победи во Светскиот куп за жени.

Брилијантната Шифрин водеше и по првото возење, а на крајот го задржа првото место, со 29 стотинки подобар резултат од сонародничката Пола Молцан, која заврши втора. На подиумот се искачи и Германката Лена Дуер.

Шифрин со 425 поени моментално е најдобра во слалом, а по неа е Швајцарката Венди Холденер со 370 и Влхова со 280 поени. Шифрин води и во генералниот пласман со 875 бодови.

ПретходноЗамина и „Кралот на фудбалот“: Пеле почина во 82 година од животот
СледноШкендија останува без мега – талентот: Дашмир Елези пред трансфер во Грузија!