Тимот на Тиквеш со оглед на фактот што резултатски солидно го одработи есенскиот ПМФЛ шампионат, зимава нема премногу да менува во составот. Ќе се пополнат некои мини дупки но во целина се останува по старо.
Новина од Кавадарци е да речеме дека Глигор Дончев и натаму ќе биде дел од Тиквеш, потпишувајќи нов договор со клубот.
Од друга страна пак, најавено е и првото ново име, кое доаѓа од Охрид. Виктор Наумоски во пролетниот дел од сезонава ќе биде дел од Тиквеш.