Екс македонскиот младински репрезентативен голман, Филип Илиќ на пролет ќе го носи дресот на Работнички.
Тој зазедно со Игор Алексовски ќе го прави голманскиот двоец на „Романтичарите“ и ќе создаде здрава конкуренција на оваа позиција.
Тој последно настапуваше за тимот на Вардар, а своевремено беше дел и од Металург. Има и една интернационална епизода во екипата на Гандзасар во Ерменија.