Словенија убедлива против Полска, Унгарците со пресврт славеа над Исланд

103

Репрезентацијата на Словенија ја запиша втората победа на СП 2023 откако вечерва славеше над домаќинот Полска со убедливи 32:23. Уште на полувреме словенечките ракометари направија убава предност од шест гола (17:11) и водството го држеа до крај.

Најефикасен кај Словенија беше Доленец со 7 гола, а се истакна и Влах со 6 гола. Кај Полјаците 6 гола даде Морито.

А Исланд имаше предност над Унгарија и ја прокоцка во финишот на мечот. Унгарците славеа со 30:28 со што ја забележаа втората победа на првенството. На полувреме беше 17:11 за Исланѓаните, така беше и на почетокот на второто полувреме, а потоа нешто тргна лошо за нив. Унгарците ја разбија нивната игра и го свртеа резултатот во своја корист.

Кај Унгарците 6 гола постигна Аншин, а по 4 гола дадоа Родригез, Роста и Шита. За Исланд 9 гола постигна Елисон, а 7 гола постигна Магнусон.

На другите мечеви Шпанија го совлада Чиле со 34:26, додека Шведска славеше над Зеленортските острови со 34:27.

ПретходноКилде победи во спустот во Венген, а Брињоне во супер-џи во Ст.Антон
СледноИнтер со гол на Мартинез ја совлада Верона (видео)