Нуркиќ ја доби пресметката со Дончиќ (ВИДЕО)

120

Портланд на свој паркет го совлада Далас Маверикс со 136:119 и ја прекина низата на порази. Ова беше пресметка помеѓу Јусуф Нуркиќ и Лука Дончиќ.

Босанскиот репрезентативец блескаше на теренот оствари дабл-дабл учинок од 22 поени и 11 скока. Лилард го предводеше Портланд до победата со 36 поени и 10 асистенции. Одбраната на овој тим успеа прилично го запре Лука Дончиќ. Словенецот успеа да оствари дабл-дабл учинок од 15 поени и 10 асистенции, но погоди само седум удари од 19 обиди.

Спенсер Динвиди беше најефикасен поединец на Маверикс со 25 поени.

Резултати: Шарлот – Бостон 106:122, Индијана – Мемфис 112:130, Торонто – Атланта 103:114, Минесота – Кливленд 110:102, Јута – Филаделфија 117:118, Портланд – Далас 136:119.

ПретходноПСЖ го напушта „Паркот на принцовите“
СледноПоранешниот македонски селектор не издржа – си поднесе оставка!