Леброн постигна 48 поени откако рукито на Хјустон го потсети колку е стар (ВИДЕО)

264

ЛА Лејкерс едвај го победија младиот Хјустон Рокетс со 140:132 на крилата на неверојатниот Леброн Џејмс, кој постигна сезонски рекорд од 48 поени и додаде девет асистенции и осум скока. Неговиот сезонски рекорд досега беше 47, кои ги постигна на 30 декември, неговиот 38-ми роденден.

Вториот пик на драфтот, Смит Јуниор. пред почетокот на натпреварот му пријде на Џејмс и го потсети колку години има и дека во првиот натпревар од неговата НБА кариера, во далечната 2003 година, играл против неговиот татко, кој тогаш бил член на Сакраменто.

“Зошто ми го правиш ова на мене?” го праша Џејмс низ смеа. „Сега се чувствуваш стар, нели?, младиот Смит му одговори со контрапрашање. Но, во следните 48 минути игра, Леброн уште еднаш покажа дека годините се само бројка и дека со 38 години се уште е еден од најдобрите во светот.

Со 38.024 постигнати поени и само е знак прашање кога ќе го престигне Карим Абдул-Џабар на врвот на вечната листа. Рекордот кој го држи Абдул-Џабар изнесува 38.387 постигнати поени.

Резултати: Шарлот – Бостон 118:130, Милвоки – Индијана 132:119, Кливленд – Њу Орлеанс 113:103, Њујорк – Торонто 121:123 по продолженија, Вашингтон – Годлен стејт 118:127, Атланта – Мајами 121:113, Минесота – Јута 125:126, Мемфис – Феникс 136:106, Лос Анџелес лејкерс – Хјустон 140:132

ПретходноНов урнебесен тајм-аут на Вујо (ВИДЕО)
СледноАнчелоти ќе избрка четворица играчи!