Пелистер го совлада Гостивар со 30 разлика

72

Екипата на Пелистер во салата „Боро Чурлевски“ славеше над Гостивар со 117-87 во рамките на 12. коло во машката кошаркарска Прва лига. Тимот на Марјан Илиевски беше расположен шутерски додека гостите кој дојдоа десеткувани не можеа да им парираат на домаќините.
Виктор Ефремовски од Гостивар заврши како најдобар стрелец со 34 поени, додека кај Пелистер најмногу поени реализираше Маслинко со 21. Дабл-дабл остварија Вучковиќ (21 поен и 12 скока) и Хаџифејсовиќ (18 поени и 11 скока).

ПретходноЗагина поранешен фудбалер на Тотенхем
СледноУ-19 футсал селекцијата на Македонија одигра 3:3 против Германија! (ФОТО)