Данска и Хрватска ремизираа во драматичен меч, Србија ја „газеше“ Норвешка па потоа потона

689

Жесток и исцрпувачки меч одиграа Данска и Хрватска во салата во Малме во меч од групата 4 на СП. На крајот резултатот 32-32 кој повеќе им одговара на Данците.
Оваа резултатска нишалка важеше до самиот крај. Нервоза, напнатост, неизвесност и на крајот реми. Во последните секунди Хрватите имаа и шанса за победа меѓутоа Циндриќ не погоди.
Кај Хрватска најефикасни беа Шипиќ со 9 гола, Главаш постигна 8, додека Циндриќ 5. Кај Данците, Питлик даде 9, а Хансен реализираше 8.
За Хрватите ова е голем бод, меѓутоа за пласман во во четвртфинале ќе треба да им се поклопат неколку работи во следните два меча – да ја победат Белгија со голема гол-разлика, а потоа и Бахреин и притоа да се надеваат дека Египет ќе ја победи Данска.


Standings provided by Sofascore

Норвешка ја совлада Србија со одлична игра во второто полувреме во Катовице. Србите имаа предност од 17-14 на полувреме, меѓутоа не можеа да го следат пеколниот ритам и потклекнаа пред еден од фаворитите за златото на СП.

Србија на преостанатите два меча со Аргентина и Холандија ќе брка трето место во групата и квалификации за ОИ во Париз 2024. Норвешка и Германија со по 6 бода се многу блиску до пласман во нокаут фазата.


Standings provided by Sofascore

ПретходноБарселона лесно преку Сеута за четвртфинале во Купот на кралот
СледноЕвролига: Барса ја преслуша Басконија, Фенербахче во продолжение го победи Монако