И Шкупи како и уште неколку наши клубови, главната фаза од тековните зимски подготовки ќе ги одработи во Анталија. Експедицијата на Шкупи во познатиот спортско – туристички центар ќе престојува од 28 јануари до 12 февруари.
Во Анталија, во старата зимска база на актуелниот шампион, покрај редовните тренинзи и брусење на формата, четата на стратегот Гоце Седлоски ќе одигра најмалку три пријателски средби.
Засега закажани се “тестовите“ со Олександрија од Украина (31.01), потоа со Пахтакор од Узбекистан (08.02) и со Жалгирис од Литванија (11.02).