Некогашниот македонски репрезентативец Милован Петровиќ ќе игра во Србија, поточно во тамошниот второлигаш Златибор Чајетина. Искусниот играч за врска ќе се обиде да му помогне на последнопласираниот тим во оваа конкуренција да се спаси од најлошото и да го поправи впечатокот сезонава.
Од друга страна, тој подлг период нема официјален меч ниту пак клуб, па ваквиот развој на настаните е и очекуван. Сепак, да се надеваме дека Петровиќ сеуште има што да покаже на фудбалските терени.