Експедицијата на Струга Трим Лум, составена од фудбалерите, стручниот штаб и дел од раководството, утрината отпатува за Анталија, каде што до 5 февруари ќе ги одработи главните подготовки во пресрет на стартот на пролетниот дел. Во полусезоната во која Струга ТЛ ќе го брани првото место на табелата во ПМФЛ.
Рутата е таа, од Скопје прво се леташе до Истанбул, а потоа се патува до Анталија.
Четата на стратегот Срѓан Захариевски, во пријателски натпревари во Анталија ќе се сретне со Локомотив Ташкент (Узбекистан), Кривбас (Украина), Вејле (Данска) и Петрокуб (Молдавија).