Поради безбедносни причини, откажан тестот на Скопје со Пирин

610

Иако претхоедно, во текот на денешниот ден беше најавено дека тимот на Скопје утре заминува на пријателски мегдан во Бугарија, против тимот на Пирин, сепак, во моментов пристигнува информацијата дека дуелот е откажан поради безбедносни причини.
Истите се иницирани од локалната полиција, која што добила информација за можни навивачки нереди односно инциденти поради гостување на тим од Македонија.

Во моментов специфичната плитичка ситуација на релација Бугарија – Македонија, ете доведе истата да има влијание и врз најобични спортски настани, а тоа секако дека не е добро.

ПретходноВардар во петок патува за Прешов на меч против Татран
СледноРешено: Сите возачи „Driver’s Eye“ камери на кацигите