Илјадници плакати со Хитлер во дресот на Рома можеа да се видат денеска по улиците на Рим, но залепени и на некои ѕидови или автобуски станици.
Италија е шок, навистина ова никој не го очекуваше.
“Плакати на срамот“ е насловот на “Газета“, и така е, зошто никој не очекуваше дека Хитлер ќе се најде на дрес на Рома на плакати.
Виновниците сеуште не не се пронајдени, но се смета дека ова е дело на одреден број фанови на Рома кои не кријат дека се блиски до фашистичката идеологија.
Утре е денот на Сеќавањето на жртвите од холокаустот, па се верува дека овој чин си има своја намена.
Се јави и градоначалникот на Рим, Роберто Галтиери, кој покрај другото кажа дека ова е срам за Рим, срам за Италија, но и дека се преземени чекори сите плакати да бидат тргнати.