Од Бенфика плаќаат компензација на Енцо Фернандез за пропаднатиот трансфер во Челзи

417

Раководството на Бенфика ќе исплати компензација во висина од два милиони евра на Енцо Фернандес поради пропаднатиот трансфер во Челзи, пишува португалскиот весник „Рекорд“. Аргентинецот се сметаше за сигурно засилување на лондончани во зимскиот преоден рок, меѓутоа не се случи трансферот. Португалскиот клуб ги обвини „сините“ за непочитување и неисполнување на првичното барање да се плати целата откупна клаузула во договорот на играчот во висина од 120 милиони евра.

Поради овие причини преговорите беа прекинати, а Бенфика објави дека Фернандез ќе остане до лето. Сепак, сега ќе го обештетат финансиски бидејќи евентуалниот договор со Челзи значително би му го зголемил надоместокот.

 

ПретходноРеал со пресврт го совлада Атлетико и избори полуфинале во Купот
СледноЈезива повреда на Лука Дониќ (ВИДЕО)