Језива повреда на Лука Дониќ (ВИДЕО)

476

Далас стави крај на серијата од два порази во низа и го совлада Феникс на гостински терен со 99-95, но оваа победа ќе беше уште „послатка“ ако не се повредеше најдобриот кошаркар Лука Дончиќ после три и пол минути на теренот. Словенецот нагази на ногата на противникот, а неговиот израз на лицето веднаш даде порака дека е нешто сериозно, па веднаш замина во соблекувалната.

Иако многумина веруваа дека ќе се врати на теренот, сепак повредата е сериозна, од Далас се сомневаат дека станува збор за лигаментите, поради што ќе го чека подолга пауза.

Бидејќи Словенецот не се врати во игра, одговорноста ја презеде Спенсер Динвиди и мечот заврши со 36 поени, шест скока и девет асистенции, речиси како да се во прашање бројките на Дончиќ, додека единствената помош што ја имаше беше Смит со 18 поени и 12 скока. На другата страна, Феникс со по 22 поени го предводеа Џонсон и Пол (10 асистенции), додека славниот центар Ајтон одигра сосема луда партија, постигна 19 поени и 20 скока.

РЕЗУЛТАТИ НБА

Бостон – Њујорк 117:120 (прод.)
Бруклин – Детроит 122:130
Шарлот – Чикаго 111:96
Хјустон – Кливленд 95:113
Феникс – Далас 95:99
Л.А. Клиперс – Сан Антонио 138:100

ПретходноОд Бенфика плаќаат компензација на Енцо Фернандез за пропаднатиот трансфер во Челзи
СледноЦиципас во финалето на Австралијан Опен, украинскиот амбасадор побара Ноле да се извини!