Нема три од три во победи за составот на Пелистер во “балонот“ во Бања Лука.Имено во меч од 10.коло во АБА 2,или третиот за битолчани, денеска во салата “Борик“ Пелистер е поразен од Златибор Чајетина со 69:75 (20:14, 17:13, 19:19 и 19:23).
Вo текот на целиот меч српскиот првологаш беше подобар,подобро го отвори мечот,имаше постојана разлика, додека Пелистер малку како да “притисна“ во последната четвртина, таа и ја доби, се чини дека се закани,но сепак на крајот мораше да му честита на победникот.
Карутерис во тимот на Пелистер беше најефикасен со 22 поени, додека кај победничкиот состав Протич постигна 23 поени.
Инаку ова за Пелистер беше шестиот пораз во десеттиот меч сезонава во АБА 2.