Беса немоќна против Турон

417

Тимот на Беса од Добри Дол која што зимава замина на базични подготовки во Анталија, предмалку одигра пријателски дуел против лигашот од Узбекистан, тимот на Турон кој што го загуби со 2:0.

Ова за тимот на Беса беше прв пријаелски меч во Анталија, а претходно веќе во домашни услови се спарингуваше со Тетекс.

Беса заедно со тимот на Гостивар иако второлигаши очигледно дека имаат сериозни амбиции, па заминаа на подготовки во Анталија нешто што не е пракса за екипите од Македнија кои се дел од овој ранг. Сепак, овој момент и тоа како радува затоа што го подига нивото на Мак фудбалот на еден сосема поинаков левел.

 

ПретходноСтруга Трим Лум минимално поразена од Вејле
СледноБрајтон го елиминираше Ливерпул од ФА купот (ВИДЕО)