Египет и Парондо по 80. минути до седмото место на СП

238

Битката за седмото место на Светското првенство беше решена по продолженија, а таму подобар беше Египет, ја совлада Унгарија со 36-35.

Избраниците на Роберто Гарија Парондо се чинеше дека овој натпревар ќе добијат лесно особено по резултатот во првото полувреме, водеа со 17-11. По одморот се случи целосен пресврт, унгарските ракометари се вратија на голема врата се изборија за продолжение, но не и за победа.

Зеин со 12 гола беше прв стрелец на мечот, кај Унгарија Бодо имаше седум гола.

ПретходноГранеруд со двоен триумф во Тауплиц го симна Кубацки од првото место во СК
СледноОдермат доминантeн во Кортина, изненадување кај жените на слаломот во Чешка